Објавено на:

НЕ МОРА СИТЕ ГАСТЕРБАЈТЕРИ ДА ЗБОРУВААТ ГЕРМАНСКИ: Берлин ја менува тактиката, му фалат 1,5 милиони дојденци годишно

t

Не треба да инсистираме странците да зборуваат германски за секоја работа, но треба да се погрижиме вработените во службите за странци да зборуваат англиски, вели Моника Шницер претседателка на Советот на економски експерти на германската влада, пренесува Зидојче Цајтунг.

– На Германија ѝ требаат 1,5 милиони имигранти годишно за, доколку се одбие огромната емиграција, секоја година да имаме 400.000 нови граѓани и на тој начин да го зачуваме бројот на работници – вели таа.

– Итно ни е потребна култура на добредојде. Ако „Интел“(фабриката за чипови) гради фабрика во Магдебург и има потреба од странски квалификувани работници, тие исто така мора да чувствуваат дека се добредојдени таму – додава Шницер.

Пред десет дена, тричлената германска владина коалиција го протурка новиот закон за имиграција на квалификувани работници со мнозинство во Бундестагот. Новина во него е, меѓу другото, таканаречениот систем на шанси, кој се заснова на бодови кои се стекнуваат по различни критериуми.

Тие вклучуваат јазични вештини, работно искуство, возраст и врски со Германија. Во иднина, специјалисти за ИТ технологија ќе можат да доаѓаат во Германија дури и без високо образование, доколку докажат дека ги имаат потребните квалификации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“ ОЦЕНИ ДЕКА НЕДОСТИГОТ НА БАКАР…

„Следниот голем ресурсен шок“ – вака гласи…

Вучиќ: Ги молам државните органи да си…

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…

Пренџов: Горивата ќе беа 114 денари за…

Пратеникот Љупчо Пренџов на 81. седница на…

Рекордна излезност на изборите во Израел: До…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…