Не му е лесно ниту на Зеленски: За Путин ова е остварување на сонот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Вашингтон предупреди дека одложувањето на воената помош за Украина е „остварување на сонот“ за рускиот претседател Владимир Путин.
– Путин мора да ја изгуби војната, рече Зеленски во Вашингтон и додаде дека САД можат „да сметаат на Украина“ со надеж дека неговата земја може да смета и на САД.
Зеленски изрази надеж дека ќе добие нов пакет помош, но за тоа има жестока дебата во американскиот Конгрес.
Тој на Х информира дека посетата на САД ја почна со средба со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и началникот на Здружениот Генералштаб, генерал Чарлс Браун на Универзитетот за национална одбрана на САД.
– Разговаравме за глобалните безбедносни предизвици, ситуацијата на фронтот и понатамошната американско-украинска одбранбена соработка. Благодарен сум им на САД за спроведувањето на нашите договори, особено на оние за зајакнување на нашата воздушна одбрана, како и на секретарот Остин и генералот Браун за нивното лично водство, напиша Зеленски.
Како што беше најавено претходно, Зеленски утре во Белата куќа треба да разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија во Таранто со 90 спортисти ќе…
Македонија оди со рекордна делегација на Медитеранските…
Засилен сообраќај, најмногу се чека на „Богородица“
Зголемен број возила се регистрира на патиштата…
ГРК Охрид го одбрани пехарот на струшкиот…
Во финалето на традиционалниот ракометен турнир што…
Воздушна тревога во Романија: Авион на НАТО…
Романското Министерство за одбрана денес објави дека…
Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…
Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…