Не признаа вина полицајците обвинети за „Пулс“
Тројца полицајци, кои се обвинети дека правеле акциски контроли во кабарето „Пулс“ во Кочани, а прекршоците ги пишувале на кафулето „Класик“, кое имало блокирана сметка, денеска не ја признаа вината, пренесе Слободен печат.
Денеска во Кривичниот суд почна судењето по поднесен обвинителен предлог од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од Одделот за гонење на полицајци кое ги товари за злоупотреба на службената положба.
Сите тројца работеле во ОВР Кочани на различни работни позиции, а се товарат за став од Кривичниот законик, за кој им се заканува затворска казна до три години, рекоа дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела.
Тие всушност се товарат бидејќи кога правеле акциска контрола за присуство на малолетници, при изготвување на записниците за констатираните прекршоци, наместо за правното лице во чија сопственост било кабарето „Пулс“, пишувале прекршоци за „Класик“, кое имало блокирана сметка и за сопственикот Дејан Јованов Деко, кој не фигурирал како сопственик на „Пулс“.
Едниот од нив ги потврдил и без да ја провери документацијата ги поднел до кочанскиот суд, а судот во Кочани уште нема донесено одлука за нив.
Во катастрофалниот пожар во кабарето „Пулс“ загинаа 63 млади луѓе, а преку 200 беа повредени.
Обвинителката Ивана Алексова Трајчева го прочита обвинителниот предлог, а одбраната на полицајците за следното рочиште најави сведоци.
Ова е прво рочиште за полицајци обвинети за поврзаност со трагедијата. Овие тројца и уште деветмина се товарат за злоупотреба на службената положба, а 13 се обвинети за директна инволвираност во трагедијата. За нив сè уште не е оценето обвинението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при…
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт…
Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…
Здружението на родителите на загинатите деца во…
Клековски се сретна со повредените од „Пулс“
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…