„Не прифаќам дека малата Данка е убиена!“: Чудна изјава на таткото на осомничен за убиството на девојчето од Бор
Душан Јанковиќ, таткото на Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на малата Данка, го чека почетокот на судењето и негира каква било вина на неговиот син за ова дело.
Иако нема докази, не е вклучен во истрагата и не сака да се меша во работата на судството, овој човек не го прифаќа фактот дека малата Данка е убиена.
Тој тврди дека не го познава Радослав, таткото на Дејан Драгијевиќ, но се согласува со неговите шокантни тврдења дека Данка е киднапирана.
„Таа е, да кажам, во добри раце, некој се грижи за неа, секакви работи се споменуваа во вестите, а сега тие приказни престанаа. Не знам, само се надевам дека ќе го видам син ми. Од април немаме прозборено ни збор, валјда ќе го пуштат…“, вели Душан.
А, случајот веќе не се споменува во селото. Срѓан е неговиот единец и го теши фактот дека психолошки не страдал во притвор.
„Влегоа на тој имот да вршат нужда, како што правеле и претходно и продолжиле понатаму…“, останува во одбрана на Срѓан, неговиот татко Душан.
Обвинението за убиството на Данка Илиќ беше покренато вчера.
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ вчера беа обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, а таткото на Дејан, Радослав Драгијевиќ за кривичните дела непријавување кривично дело и помагање по извршување на кривичното дело. Според обвинението, Драгијевиќ го задушил детето во багажникот на службениот автомобил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…
Италија планира да ги казнува возачите кои…
Италија набрзо би можела да ги санкционира…
Мирен протест против насилството по убиството на…
Мирен протест се одржува вечерва во паркот…
Хакиран мејлот на министерот за здравство на…
Необична честитка за неговиот роденден добил министерот…