Не се очекува недостиг на нафта и нафтени деривати, потенцира Бислимоски
„Не се очекува недостиг на нафта и нафтени деривати, ниту сериозни импликации врз цената на дизелот“.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски не очекува да има недостиг на нафта и нафтени деривати во земјава по одлуката на Европската унија за забрана за увоз на руски дизел, ниту, пак, тоа да има сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период.
– Мерката што во неделата ја донесе Европската унија се однесува на дизелот, екстра лесното масло, мазутот и керозинот, но таа не може да се одрази врз земјава поради тоа што и во изминатите години ние не сме увезувале руски дизел, објави претседателот на РКЕ, Бислимоски на својот Фејсбук профил.
Како што посочува тој, најголемиот дел од готовите нафтени деривати меѓу кои и дизелот, односно околу 90 проценти, ги набавуваме од Грција каде руската нафта има многу мало влијание.
– На ниво на ЕУ потребите за обезбедување руски дизел беа околу 15 проценти или околу 720-730 долари за тон. Сега Унијата ќе прави централизирана набавка со цел да ги намали трошоците за транспорт и веќе има склучено договори за набавка на дизел во најголема мера со Кувајт, појаснува Бислимоски.
Во наредните десетина дена тој вели дека ќе следиме што ќе се случува на берзите и дали ќе има зголемени трошоци за транспорт кај компаниите, но не очекува сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период.
– По вчерашниот ден, кога почна да се применува мерката, на Медитеранската берза имаше намалување на цената на дизелот, прецизира Бислимоски во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…