Објавено на:

Не се предаваат: Зеленски и украинскиот генералштаб одлучија да продолжи одбраната на Бахмут

t

На состанокот на тимот на врховниот командант со учество на украинскиот претседател Зеленски и врховниот командант Валериј Залужни, беше одлучено да се продолжи одбраната на Бахмут, како и да се зајакнат позициите во градот. Одлуката ја поддржаа Залужни и командантот на оперативно-стратешката група „Хортица“ Александар Сирски. Претходно германскиот таблоид „Билд“ објави за несогласувањата меѓу Зеленски и Залужни околу Бахмут. Залужни беше склон да и дозволи на армијата да го напушти опколениот град, а Зеленски инсистираше да ја продолжи одбраната. Според повеќето западни воени експерти, судбината на Бахмут нема стратешко значење за текот на војната.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно денеска коментираше дека Бахмут има повеќе симболично отколку стратешко или оперативно значење за водењето на војната. Ако украинската армија се откаже од Бахмут, тоа не значи пресвртница во војната. Остин не предвиде дали и кога Украинците ќе го напуштат Бахмут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…