Не се прошета за џабе: Џонсон понуди Британија да овозможи обука на 10.000 украински војници
Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е во посета на Киев, ѝ понуди на Украина помош за обука на вооружените сили на земјата на територијата на европските земји.
Тој предложи да се спроведе голема операција за обука на украинските сили, која за 120 дена ќе овозможи обука на 10 000 војници.
Во предлогот на Џонсон се наведува дека на секои четири месеци ќе може да се обучуваат до 10 000 украински војници.
Џонсон во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Британскиот премиер објави фотографии од него и Зеленски и напиша „Господине претседателе, Володимир, добро е повторно да се биде во Киев“.
Тоа е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…