Не се само Бензема и Хендерсон, и екс-ѕвездата на Лацио сака назад во Европа

t

Многу фудбалски ѕвезди кои минатото лето заминаа во Саудиска Арабија, веќе почнуваат да се враќаат во Европа и бараат начин како да ги раскинат договорите со клубовите.

Неколку фудбалери јавно го изразија незадоволството од условите за работа, како и самата организација на Про-лигата, а меѓу нив е и српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Долгогодишниот ас на римски Лацио се реши за премин во Ал-Хилал, но би можел уште во јануари да го прекине својот престој на арапскиот полуостров.

Српскиот репрезентативец бил во друштво на фудбалерите на Лацио, кои беа на подготовки во Саудиска Арабија, а кога ги испраќал на аеродромот, им открил дека неговите агенти работат на трансфер во Европа и тоа би можело да се случи многу наскоро. Не е познато дали играчот би се вратил токму во римскиот клуб, но во секој случај, повеќе европски тимови не би имале против да го видат во своите редови. „Ел Инсајдер“ објави дека Србинот наводно има понуди од еден премиерлигаш, како и од два италијански клубови, но сѐ уште нема никави детали.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ играше за Лацио цели осум години. Многу пати беше „баран“ од неколку гиганти на европскиот фудбал, но секогаш остануваше во Рим. Иако од финасиски аспект летово го направи трансферот на кариерата, очигледно е дека не е сѐ во парите и можно е многу наскоро повторно да го видиме на терените ширум Европа.

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…

ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…

Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…

Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…

Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во…

Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер…