Не снимале видео туку биле пијани и брзале на свадба: Совозачот на Дејан ги демантираше српските медиуми
Ненад К., совозачот кој ја преживеа експлозијата при сударот на автомобилот „пунто“ кој возеше во обратна насока на автопатот Обреновац-Белград во болница демантирал и негирал дека несреќата се случила затоа што возачот, Дејан Ј., снимал видео за тик-ток, пишува српски Блиц.
Ненад раскажал дека причината за сударот била тоа што тој и Дејан брзјќи за на свадба во местото Ивањица го пропуштиле излезот на автопатот, па пробале да се исклучат што побрзо возејќи во спротивна насока. Исто така, тој вели дека пиеле пиво.
Тој негираше дека го снимале возењето во спротивна насока.
„Пунтото“ удри во „хјундаи“ и го загрози животот на Драгослава П. која била пренесена во болница. Дејан изгорел жив во „пунтото“, додека Ненад, според сознанијата на Блиц, излегол преку возачкото седиште кога пламнал огнот.
Два дена пред несреќата возачот Дејан на Фејсбук објавил оглас за продажба на својот автомобил „фиат пунто“.
„Пунто, плин, атестирано, 700 евра“, се наведува во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…
ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…
Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…
МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…
ЕУ испраќа претставници во Кина за да…
Група претставници на ЕУ во наредните денови…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…