Објавено на:

Не стивнуваат протестите во Израел: 450.000 народ е на улиците

t

Голем број Израелци вечерва излегоа на улиците за да протестираат против владините судски реформи, а за време на протестите имаше немири во Тел Авив.

Полицијата употреби водени топови. Организаторите тврдат дека во Тел Авив излегле 230.000 луѓе, додека „The Times of Israel“ ја пренесува публикацијата на „Channel 12“ во која се тврди дека 165.000 луѓе присуствувале на протестите.

Организаторите, исто така, велат дека на протестите низ земјата излегле 450.000 луѓе, а според последните информации, немирите избувнале во Тел Авив, каде полицијата употребила водени топови за да отстрани демонстранти кои го блокирале автопатот Ајалон.

Ќе излезегуваме на улица додека државата не ни вети дека Израел ќе остане демократски, велат организаторите.

Реформата во судството, предложена од новата влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, ќе биде една од најрадикалните промени досега во израелскиот систем на владеење, бидејќи ќе ги ограничи овластувањата на Врховниот суд, ќе и овозможи на Владата да избира судии и да стави крај на назначувањето правни советници на министерствата од државата.

Нетанјаху, кому му се суди за корупција, тврди дека неговиот план за реформирање на судството ќе ја унапреди демократијата.

Во Израел со месеци се одржуваат граѓански протести против најавената реформа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…