„Не сум виновен“, рече претседателот на фашистичкиот клуб во Битола, а Ламбе кој го запали се појави како сведок во маичка со македонското знаме
Чудно е што човекот кој ни го запали клубот е повикан како главен сведок. Вака претседателот Љупчо Ѓоргиевски на сега згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола изјави по денешното прво рочиште на кое тој е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Кривичната постапка против него ја поведе Основното јавно обвинителство од Битола.
Бранителот на Ѓоргиевски, адвокатот Насер Рауфи, го нарече Алабаковски недоличен сведок зашто бил осуден за палење на клубот, на што реагираше Обвинителството да не се упатуваат навреди.„Според мене сведокот е недоличен, предлагаат сведок буквално пироман, човек кој го опожари клубот, кој освен што го призна тоа дело, не ми беше јасно на кои околности е повикан“, реле Рауфи.Обвинетиот Љупчо Ѓоргиевски рече дека не се чувствува виновен и на никого ништо лошо не сторил.
„Воопшто не се чувствувам виновен. Напротив, човекот кој ни го запали клубот е повикан како главен сведок, тоа е чудно“, заклучи Ѓоргиевски.
Денеска пред судот сведочеше пејачот Ламбе Алабаковски кој веќе има пресуда за палењето на влезната врата на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Во судница се појави со маица со македонското знаме.
„Имаше закани и навреди и ден денес има. Најчесто се, по мое мислење, од бугарски граѓани и луѓе кои живеат тука, а се чувствуваат како Бугари или од измислени ботови на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“, рече Алабаковски
За време на судењето во судницата беа дозволени само камери, а телефоните и компјутерите на новинарските екипи им беа одземени до завршувањето на рочиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
