„Не сум декор во политички театар“ – советничка на ЗНАМ од Прилеп ја напушти коалицијата

t

Советничката на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска, соопшти дека излегува од владејачката коалиција и дека натаму ќе настапува како независна советничка.

Стеваноска рече дека одлуката ја донела водејќи се од интересите на граѓаните на Прилеп.

Таа, која на последните локални избори беше носителка на советничката листа на ЗНАМ, пред советниците порача дека довербата што ја добила од граѓаните е обврска што не смее да се изневери.

„Во изминатиот период покажав дека не прифаќам политика на молк, слепо гласање и немо прифаќање на однапред договорени одлуки. Советникот не треба да биде декор во политички театар, туку активен и принципиелен глас на граѓаните“, изјави Стеваноска.

Според неа, Советот наместо место за аргументирана расправа се претворил во простор каде што само формално се потврдуваат политичките интереси на една партија.

Нејзиното напуштање на коалицијата доаѓа една недела откако Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и парламентарното мнозинство, најавувајќи дека ќе дејствува како независен пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската крајна десница АфД убедливо победи во…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…

Кими Антонели победник на ГН на Италија:…

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот…

Инфантино ќе се кандидира за уште еден…

Џани Инфантино ќе се кандидира за уште…

(Видео) Два „ер трактори“ упатени кон Милетино,…

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино…

Путин не покажал подготвеност за компромис

Владимир Путин ги уверил Стив Виткоф и…