Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари во обновување на електричната мрежа
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави дека инвестира 2,2 милијарди долари за обнова на федералната електрична мрежа со цел да ја заштити од зголемените закани од екстремни временски настани.
Американската влада работи на модернизирање на системот за пренос на електрична енергија во земјата, кој е под притисок од екстремните временски услови, како и од зголемениот број на центри за податоци кои се жедни за енергија, пишува Ројтерс.
Надградбите на мрежата ќе додадат речиси 13 гигавати (GW) капацитет, а исто така ќе овозможат зголемено производство, повеќе центри за податоци и подобрен пренос на обновлива енергија, соопшти американското Министерство за енергетика. Финансирањето ќе поддржи осум проекти во 18 држави.
Во првата половина на 2024 година беа срушени рекордите за најжешките денови во историјата на Земјата, а бидејќи екстремните временски услови продолжуваат да влијаат на секој дел од земјата, мораме итно да дејствуваме за да ја зајакнеме нашата старечка мрежа“, изјави американската министерка за енергетика Џенифер Гранхолм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…