„НИЕ НЕ СЕ ШИТКАМЕ“: Пратениците на Левица нема да поддржат „Бугари во Устав“ и по цена да лежат во затвор

t

Ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи, рече новоизбраната пратеничка од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24.

– Она што ние го докажавме во претходниот мандат е дека ние не се шиткаме, дека ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи. Нема да ги видите како гласаат за легализација на дивоградби, за промена на уставно име… Како што кажа дури и нашиот пратеник Борислав Крмов во едно интервју, уште кога беше жешка темата „Бугари во Устав“, ние попрво би лежеле во затвор, отколку да гласаме за Бугари во Устав – истакна Мојсоска.

Според неа, ваквиот начин на дејствување на Левица е препознаен и поддржан од народот.

– Тоа е она што го препознаваат нашите поддржувачи. Таа искрена непоткупливост, таа искрена неподмитливост. Ние покажавме дека и во Собранието, за жал, кое беше сведено на едно ниво на сточен пазар, па секој пратеник си има цена, можат да влезат поединци за кои платформата, програмските заложби и идеалите се единствените принципи по кои тие делуваат. И затоа, тоа што го докажаа нашите два пратеника во изминатиот мандат – како што видовте тие беа и опозиција на власта и опозиција на опозицијата кога имаше договарања меѓу власта и опозицијата, сега нам ни го донесе овој зголемен број на пратеници. Очигледно, народот го препозна тоа и народот го бара тоа во овие историски услови – рече првата жена – пратеничка од Левица и генерален секретар на партијата, Јована Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…