Објавено на:

„Ние сме заложници на политиката на Вучиќ“: Срби од Косово најавија протест

t

На третиот ден на Божиќ, 9 јануари, во северниот дел од Косовска Митровица Срби закажаа протест бидејќи се незадоволни од политиките на претседателот Александар Вучиќ кон косовското прашање.

Организаторот на протестот, Иван Милетиќ, за српски „Данас“ вели дека Србите од Косово се „заложници на политиките на Вучиќ“.

На прашањето кој е организатор на протестите тој одговара дека тоа е „незадоволниот народ од северот на Косово“ и вели дека со отстранувањето на барикадите од патиштата граѓаните увиделе во кој правец се движи ситуацијата и оти нема да ги прифатат „игрите ниту на Курти ниту на Вучиќ“.

Граѓаните да излезат на овој протест на каналот „Србин.инфо“ на Јутјуб повика и Небојша Јовиќ од Движењето за одбрана на Косово и Метохија.

Тој порачува дека иако граѓаните и претходно се сомневале во искрените намери на Вучиќ и Српската листа за Косово, сега првпат поверувале дека ќе направат заеднички отпор и дека српскиот претседател „нема да ги продаде“, но…

„Порано се обидувавме да организираме некои протести за благосостојба на граѓаните, но тоа беше безуспешно бидејќи луѓето во последен час беа повикувани да не излегуваат зашто протестот нема поддршка од власта. Но, се надеваме дека народот ќе се ослободи по последниот развој на настаните со кои сите граѓани беа изманипулирани“,

вели Милетиќ кој исто така во дел од обраќањето вели дека „се заложници на политиките на Вучиќ.
Тој вели и дека ниту едно возило на косовските специјалци не го напуштило северот на Косово иако тоа било едно од барањата за отстранување на барикадите.

За Српската листа, која е поддржана од власта на Вучиќ, Милетиќ дека поголем дел од луѓето на неа не може ништо да направи.

„Имаше големо единство. И јас кој никогаш не му верував на Вучиќ овој пат поверував дека ќе се држи до оној слоган ’Нема назад‘. Очекувавме да застане на страна на народот т.е. на страна на луѓето кои живеат во Косово. Точно е дека сега ситуацијата се однесуваше на северот на Косово, но целиот народ сака да живее безбедно. Му верувавме на Вучиќ дека може преку преговорите да обезбеди побезбеден живот, но со секое лошо преговарање и секои тензии ние живееме се потешко и полошо. Не знаеме од кои причини се договара и преговара ако ништо не се добива и ако само Албанците добиваат од тие преговори, сè што можеше им е дадено“, вели Милетиќ.

Протестот според најавите треба да се одржи на пладне во понеделникот кај споменикот на вар Лазар во центарот на северниот дел на Косовска Митровица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…