Ние ќе испорачаме резултати, ЕУ да ни испорача членство, вели Маричиќ
Ние ќе испорачаме резултати, а ЕУ да испорача членство во догледно време, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на состанокот на министри на ЕУ што се одржува во Бечиќи, по повод завршувањето на претседавањето на Црна Гора со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
– Регионот веќе направи позитивни движења, сега е време ЕУ интеграцијата да земе полн замав. Дојдено е време за сериозен план за проширување од страна на ЕУ. Конкретен план со кој ЕУ ќе покаже дека не само со зборови, туку и со дела е фокусирана на евроинтеграцијата на регионот. Ние ќе испорачаме реформи и тешки одлуки, а ЕУ да испорача членство до догледно време – изјави Маричиќ.
Според него, македонското преземање на претседавањето ПСЈИЕ е „додадена вредност на нашата посветеност на градење општество засновано на демократски вредности и економски просперитет со јасна визија за иднината на регионот како целосно интегриран во Европската Унија“. Маричиќ додаде дека за време на претседавањето „ Македонија ќе остане силно посветена на унапредување на регионалната економска соработка и инфраструктурно поврзување, владеење на правото, човековите права и функционирање на демократските институции“.
Во видео обраќањето тој уште кажа дека ни е потребна политичка волја и одговорност од сите политички субјекти да продолжиме да напредуваме во преговорите со ЕУ и за македонските граѓани да испорачаме подобар животен стандард, а за државата економски раст.
– Членството на Западен Балкан во ЕУ, без сомнеж, е инвестиција во европскиот мир и безбедност, со заедничка акција да го направиме достижно и реално – рече Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…
Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…
Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…
ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…
Европската унија го заврши првото полугодие од…