Никна уште еден УЧК споменик! Се слави командант кој уби припадник на “Тигрите” во 2010 година!

t

И додека сè уште јавноста ја бранува откривањето на 20 метарскиот споменик на ОНА во село Слупчане, викендов во селото Никуштак Липковско споменик доби и поранешниот припадник на ОНА Харун Алиу познат како командант Куштрими. Алиу кој беше осуден на доживотен затвор за убиство на припадник на специјалните единици на МВР „Тигри“, како дел од криминална банда беше убиен во престрелка со полицијата кај скопското село Радуша во 2010 година.

Споменикот во Никуштак освен за Алиу е подигнат и за уште четири поранешни припадници на ОНА Јетула Мифтари, Љемал Шаќири, Абаз Беќири и Музафер Агуши.

Според портали на албански јазик споменикот го финансирале жителите на Никуштак. „Слободен печат“ иако побара не доби одговор од градоначалникот на Липково Еркан Арифи дали за споменикот има одобрение за изградба.

Организаторот на маифестацијата при откривањето на спомен-плочата изјавија дека ова селот ги почитуваа починатитет херои и нивните семејстава.

– Идеалот на паднатите херои не е само да градиме спомен-плочи или да се потсетуваме на нив само на денот кога загинале, иделаот на хероите, паднатитет борци е секогаш да ги имаме во нашите мисли и да се грижиме за нивните семјества – изјави Фуат Беќири, син на еден од припадниците на УЧК за кој е подигната спомен плочата, пишува порталот „Лајм“.

– Знам дека тоа што го посакувавте и очекувавте во 2001 година не е постигнато. Се што ќе кажам е нешто што не соодветствува со реалноста, но ви велам, величината на 2001 година со сите паднати борци и пожртвуваноста на народот, беше величствена победа, бидејќи кога во војна народот стои на чело на војската, таа војска не се победува никогаш – изјавил експратеникот Хисни Шаќири кој во 2001 година го напушти Собранието и се приклучи на ОНА.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остра реакција на руската амбасада за вандализираниот…

„Ноќта на 10 јануари годинава, во центарот…

Груевски: Рестартирање на пропаднатите “споменици на транзицијата”,…

Претходната Влада предводена од Груевски започна проект…

“Лажен мицковистички патриотизам”: “Шпицниот” наместо капитални проекти…

"Шпицниот" градоначалник наместо да отвора капитални проекти…

(Видео) Петровски: Охридскиот рамковен договор треба да…

Охридскиот рамковен договор требаше да се вика…

Курти: Борбата на УЧК беше праведна и…

На тригодишнината од обвинението на Специјалниот суд…