Никовски: Учество на Курти на изборите во Македонија ќе значи поддршка на „големоалбански проект“ – но од кого?

t

Ако на Албин Курти му се дозволи да учествува на изборите во Македонија со неговата партија Самоопределување, тоа ќе биде знак дека некој го поддржува големоалбанскиот проект и дека ова е само еден мал дел од финализирањето на нивните напори за реализација на тој план, е оценката на поранешниот македонски дипломат Ристо Никовски за „Спутник“.


Партијата на премиерот на Косово, Албин Курти, наречена „Самоопределување“ најави дека ќе учествува на парламентарните избори во Македонија, кои ќе се одржат на 8 мај годинава. Засега е познато дека партијата на Курти има намера да биде дел од албанската опозициска коалиција, која на овие избори ќе учествува како Европска лига за промени.


Напад на Македонија од Косово


Македонскиот дипломат и поранешен амбасадор на Македонија во Русија, Албанија и Велика Британија, Ристо Никовски не е изненаден од тие најави.
„Најавата од Косово дека „Самоопределување“ ќе учествува на нашите избори е нова албанска агресија врз Македонија. И претходно најавуваа дека ќе направат такво нешто, а сега гледаме дека не се откажале од таа идеја. Мислам дека таканаречениот големоалбански проект се поддржува на различни начини и ова е само дел од финализирањето на нивните напори“, убеден е Никовски.

Курти пред извесно време беше во Македонија, се сеќава Никовски кој додава и дека градоначалникот на Тетово го пречекал со зборовите „добредојдовте во Албанија“.


„Тоа се толку ниски и гнасни провокации што можат да ги толерираат само македонските власти. Мислам дека ова со „Самоопределување“ е сериозна провокација и се надевам дека македонските лидери ќе го осудат ова. Но, со оглед на лабавата коалиција на владејачката македонска партија СДСМ и албанската партија ДУИ, тоа тешко дека ќе се случи“, смета Никовски.


Америка да се справи со Курти


Поранешниот дипломат смета и дека Американците треба да се справат со Курти и неговите планови доколку секако, како што вели, не стојат зад сето ова.
„Главен партнер на Албанците, не на Албанија како земја туку на Албанците на овие простори е Вашингтон. А де факто албанските политичари во Тирана, Приштина, Македонија и Црна Гора се под нивна контрола и директиви. Така што никогаш не се знае што е независна албанска политика, дали постои и што дојде од Америка“, предупредува Никовски.

Според него, целта на Курти и опозицијата на Албанците од Македонија е да ја исфрлат од политичката сцена најголемата албанска партија ДУИ, која долги години е партнер на сите македонски влади, за да можат да го спроведат тоа што имаат намера да го направи преку македонските институции.


Планот на Курти не им се допаѓа ниту на Албанците


Дел од албанската политичка сцена, како во Македонија, така и во Косово, го сметаат ова за лош потег на Курти и потсетуваат дека неговото учество на изборите во Албанија предизвика недостаток на комуникација меѓу него и албанскиот премиер Еди Рама. Дотогаш Курти е на мислење дека Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а понатаму од Србија.
Сто дена пред изборите, на 28 јануари, ќе се формира техничка влада која според коалицискиот договор ќе ја предводат кадри од Демократска унија за интеграција (ДУИ).
Паралелно со парламентарните избори во мај годинава во Македонија ќе се одржат и претседателски избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти им го честиташе Велигден на православните…

Косовскиот премиер Албин Курти им го честита…

Курти: Повеќе од милион граѓани попишани на…

Остануваат уште две недели до крајот на…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…