Николај Милков: Нужно е да зборуваме со Македонија како држава со држава
Со PM имаме шанса да ги решиме проблемите кои постојат со децении, но не се третирани сериозно. Сега овие проблеми не се решени, но имаме механизам усвоен од бугарскиот парламент, се работи за францускиот предлог, тој е усвоен од парламентот на РМ и пред нас е широк терен да продолжиме со работата за расчистување на спорното прашања. Ова за БНТ го изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков.
Има изгледи за вакво подобрување, што се однесува до нашата работа со владата на РМ, загрижувачки се обидите на опозицијата да ги искористи ставовите на дел од населението за различни цели. Има сили кои со силен отпор поставуваат лажна дилема – европско членство или идентитет на РМ. Не е така, европското членство се поврзува со преоценување на минатото и со голем број пропагандни клишеа. Пред да влезе во ЕУ, секоја земја мора да се раздели со дел од овие лажни парадигми во историскиот процес, категоричен е Милков. Оваа катарза мора да се доживее и таму. Би сакал да се формира национален консензус во РМ, не можеме да се потпираме и да разговараме само со една политичка партија, треба да разговараме како држава со држава, потенцира Милков. Да не се случи луѓето со бугарско самосвест во РМ да ја загубат вербата во институциите кои се повикани да ги заштитат и нивните права, рече Милков.
Според него, институциите таму не треба да се користат за репресивни цели. Ни треба многу појаснување од нашите македонски партнери. Доколку има пријави за прекршоци, соодветно ќе реагираме. Внимателно ја следиме состојбата и даваме сигнали дека треба да се воздржиме од досегашните практики, рече Милков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…