Никола Груевски со нова историска лекција: Македонија има личност од Втората светска војна за кој се зборува дека е Гоце Делчев од народно ослободителната борба!

t

Македонија има личност од втората светска војна за кој се зборува дека е Гоце Делчев од народно ослободителната борба. Така и многумина го нарекуваат: Гоце Делчев на НОБ, или втор Гоце Делчев. Слично на Делчев неколку децении претходно, тој е веројатно главен организатор на НОБ во Македонија, идеолог и човек кој бил мозокот движечката сила на поставувањеро на структурите за отпор и борба, а бидејќи на 28 годишна возраст е убиен на 25 фебруари 1944 година во Скопје, веќе следната година на 2.август е прогласен за народен херој на Југославија, заедно со Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Орце Николов, Христијан Тодоровски-Карпош и Стив Наумов.

Тој Гоце Делчев на НОБ во Македонија е Кузман Јосифовски Питу.

Не случајно во 2013 година спроти македонскиот парламент во Скопје се изгради и се издигна голем споменик на Кузман Јосифовски-Питу, се направи документарен филм за него, се издадоа нови книги, уметнички слики и се постави и восочна фигура во музејот на македонската борба за слобода и независност заедно со восочните фигури на други херои од неговото време како Методија Шаторов Шарло, Коста Солев Рацин, Михаило Апостолски, Никола Јонков Вапцаров, Никола Парапунов, Мирка Гинова, Лазо Трповски, Методи Андонов Ченто, Панко Брашнаров и други, и.т.н.

Тој и претходно беше афирмирана личност во македонската историја, но поставувањето на негов споменик таку каде што му е местото, снимањето на документарен филм, восочна фигура во музејот на македонската борба за слобода и независност итн беше дополнителна афирмација на неговиот лик и дело.

За Кузман Јосифовски Питу општината Карпош веќе беше поставила помал споменик на местото каде е убиен, спроти поранешна Алумина, но секако дека ваква личност заслужува да се најде во редот на најзаслужните, па затоа во 2013 година добива голем споменик на локација која затоа што е наспроти парламентот на државата има национално а не само локално значење.

Кузман Јосифовски Питу е комунист и идеолог. И Делчев бил идеолог и социјалист. И двајцата не биле дел од воени битки, тие се главните умови во двете епохи и по правило главните умови не треба да се потрошат во битки туку да го осмислат и реализираат успехот на сите битки. Да ги постават темелите на каузата, да креираат идеолошка база за борбата, стратегија, силна организација и распространетост на движењето и пред се мотивација и лидерство. Пушти го еден голем идеолог во битки, ќе ти го убијат во третата или петтата битка, и потоа го немаш, а таквите мозоци се ретки и без нив нема успеси. Без нив со еден спортски жаргон, тимот е како без тренер, како без глава, без поставена тактика, без мотиватор, организатор, осмислувач на победата….

Кузман е Прилепчанец, но потелото на татко му е од Кичевско Велменце. Тој е од тутунопроизводителско работничко семејство. Основното во тоа време четири годишно училиште го завршил во Прилеп, гимназијата во Битола кога почнал многу да се интересира за историја и се воодушевувал од борбата на македонскиот народ за ослободување и од борбените подвизи на хероите како Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Питу Гули и др.

Бил воодушевен од борбата на македонскиот народ за ослободување и од борбените подвизи на хероите од периодот на ВМРО. Важел за примерен ученик, интелегентен и учтив, кој читал за тоа време многу напредна литература, вклучително и комунистичка.

Потоа студирал во Белград на правниот факултет каде паралелно бил активно вклучен во политички активности одкако во 1938 година се приклучил на комунистичката партија на Југославија а веќе од 1939 година е еден од предводниците на напредната студентска младина.

При посетата во Софија 1939 год. тој го посетил гробот на Ѓорче Петров, а се сретнал со Никола Јонков Вапцаров, Димитар Митрев, Ѓорѓи Абаџиев, Коле Неделкоски…

Во 1938-1940 година. Кузман се наоѓа во Охрид повторно во политичка дејност. Ваквата негова особеност најдобро се илустрира со неговата мисла од тоа време : „Многу е среќна нашата генерација зашто нејзе и се падна да ја изврши револуцијата Кузман ги прекинал студиите и станал професионален партиски работник. Станува член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија.

Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО. Од 1939 година бил испратен на партиска работа во Прилеп каде бил поставен за секретар на Месниот комитет на КПЈ.
Тој бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим.

Имале различни погледи и несогласувања во политиката со Методија Шаторов-Шарло , па по одредени превирања извесно време тој бил исклучен од Партијата, па потоа вратен.

Бил говорник на Илинденската демонстрација во 1940 год. на која била барана промена на режимот, национално-политички права, ослободување на Македонија и др.

Веќе од 1940 година тој станува член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

Својствено за организатор, идеолог и еден од идеолошките и организациски водачи, тој веќе во октомври 1941 зема активно учество во организирањето и дејствувањето на првиот прилепски партизански одред, кој почнал со нападот на участокот на 11 октомври 1941. Со други зборови тој е дел од организацијата на она што денес го викаме “првата пушка” на 11 Октомври 1941 година и кое е национален празник како ден кога започнува воениот отпор во Македонија против фашистичкиот окупатор. Во тој историски настан на нападот на участокот директно учествувал негоиот прат Аспарух кој ја преживеал војната, а една од трите сестри на Кузман – најстарата, Мара, го загубила животот за време на НОБ. Инаку сите пет браќа и сестри земале активно учество во народно ослободителното движење.

Веќе во 1942та година, Кузман мошне активно крстосува низ западна Македонија под италијанска власт каде успева да ги возобнови старите и да оформи нови ограноци низ Тетово, Гостивар, Мавровско, Дебар, Кичево и Струга. ја интензивирал активноста за организирање на првите партизански одреди во овој дел од Македонија.

Патува пишува, учествува на состаноци. Станува мотор, стратег, организатор и мотиватор во организацијата и поставувањето на структирата за антифашистичката борба. На еден од состаноците било решено Кузман да замине за Скопје со задача да ја координира целокупната активност на народнослободителното движење и да се изврши подготовки за конституирање на највисоката власт во Македонија.

Неговите роднини подоцна сведочат дека тој бил толку активен на терен што едвај се прибирал дома.

И Делчев 4-5 децении порано, има слични активности на внесување револуционерен дух кај населението, објаснувања дека мора сите да се подготоват за востание на слобода, формирање и организирање на комитети по селата, воени обуки и набавка на оружје и муниција, држење инспиративни мотивирачки говори и организација на четите и целата мрежа, заради што често е на терен, слично како и Кузман.

Кузман Јосифовкси бил еден од иницијаторите за издавање на партискиот леток “Востаник”, кој подоцна е преименуван во “Братство”. Весникот претставувал единствен весник во тој период кој излагал со статии напишани и на македонски и на албански јазик, бидејќи бил дистрибуиран низ региони каде живееле и Македонци и Албанци.

Активен учесник е во преспанското советување на 2 август 1943 година на кое биле донесени одлуки за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт, организационо зајакнување и проширување на организациите на КПМ и СКОЈ, за усвојување платформа на НОВ на Македонија.

На истото советување присутен е и Светозар Вукмановиќ – Темпо, кој во фебруари 1943 година е директно испратен од Тито во Македонија со цел да помогне во организирањето на вооружениот отпор и тој ја спроведувал политика по однос на поврзувањето на КПМ со КПЈ.

На овој втор состанок на Централниот комитет на КПМ, одржан во Преспа, во непосредна близина на село Отешево, учествувале членовите на ЦК на КПМ, и покрај Кузман Јосифоски – Питу, биле присутни и Цветко Узуновски – Абас, Страхил Гигов, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија, Добривое Радосавлевиќ, а подоцна како што пишав се приклучил и Светозар Вукмановиќ – Темпо, делегатот на ЦК на КПЈ и на ВШ на НОВ и ПОЈ во Македонија.

На ова советување Кузман Јосифовски Питу завзема став дека Македонија неможе да биде ослободена ако не е обединета и отворено настојувал да се формираат македонски партизански единици во Егејска и Пиринска Македонија, и тие да бидат поврзани со единиците од Вардарска Македонија. Тоа значело да има нивна заедничка борба за ослободување на обединета Македонија.

По ова советување Светозар Вукмановиќ Темпо бара негово остранување.

Кузман барал обединување на борбата на Македонците од сите три дела на Македонија. „Каузата на македонскиот народ од пред 50 години е во опасност. Сврзувањето со Југославија, конкретно значи и откажување од соединувањето на Македонија“, се дел од тезите на Кузман.

Тоа се тези кои создаваат загриженост кај КПЈ и тие знаат дека Кузман Ј.Питу не е било кој и има големо влијание во Макеоднија.

На Преспанскиот состанок на ЦК Кузман поднел реферат посветен на 40-годишнината од Илинденското востание.
Во тоа време Кузман Ј.Питу доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор.

Се работи за голем, непоколеблив, храбар упорен борец за создавање на самостојна македонска држава. Тој низ целиот тој период делува и патува илегално и во текот на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во населбата Буњаковец во Скопје.

Во еден момент во февруари тој добива информација дека бугарската полиција дознала за неговата активност и тој веќе проценил дека дојден е крајот на неговата илегална цивилна работа и дека е неопходно и неизбежно да замине во партизани.

Така на 25 февруари 1944 година при обидот да го напушти Скопје, опколено е местото каде се наоѓал во денешната населба Трнодол која тогаш била место надвор од градот Скопје, бидејќи Скопје бил многу помал град и таму се стигнувало преку ниви. Тој успеал да се извлече и да побегне но само некој километар и убиен е во близина на некогашната фабрика „Алумина“ според официјалните информации од бугарски војник.

Според сите анализи Кузман Јософовски-Питу тој ден бил предаден од некого но има само претпоставки од кој би можело да биде предаден. Има дури и убедувања дека не бил убиен од бугарски војник туку дека се работи за убиство од своите или можеби предавство од истите заради неговите ставови за обединета Македонија.

На пример, Светозар Вукмановиќ Темпо во писмото до ЦК на КПМ од август 1943 година критикува за недоволна енергичност против автономистичките тенденции кои во голема мера ја имаат зафатено партиската организација во Македонија и одделување на КПМ од заедничката борба со КПЈ и поврзување на КПМ со истите во Грција и Бугарија заради создавање обединета Македонија што значи освен поврзување со други партии наместо со југословенската.
Се на се, и покрај официјалната верзија, постојат многу неразјаснети околности околу неговото убивање.

Следејќи како завршиле најголем дел од членови на првото заседание на АСНОМ, а воедно и најголем дел од назадлужните во НОБ, и сите партизани, команданти и идеолози кои се залагале за обединета Макеоднија, многу е веројатно дека и доколку Кузман Јосифовски – Питу ја преживеал НОБ набрзо потоа ќе се соочел со политички прогон, апсења, монтирани судења, затвори или интернирања и/или ликвидација.

Фејсбук статус на екс-премиерот Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…