Никола Димитров најави враќање во политиката

t

Поранешниот шеф на македонската дипломатија кој го потпиша Преспанскиот договор за промена на името на Република Македонија, вицепремиер и амбасадор во САД и Холандија, Никола Димитров, најави враќање во политиката, но не откри на какво начин, најавувајќи детали за следните денови.

„Ако мислиме само дека со промена на власта ќе си ја средиме дравата, грешиме – мора да го смениме системот“, рече Димитров во вечерашното интервји на телевизијата „21“.

Димитров беше во Владата до јануари лани, кога при промената на премиерската позиција и заминувањето на Зоран Заев, за него немаше место во кабинетот на новиот мандатар Димитар Ковачевски. По ова, тој често во јавноста ги критикуваше владините потези во надворешната политика, а беше и категорично против „францускиот предлог“ за решавање на спорот со Бугарија, за кој велеше дека е крајно штетен и дека создава нови проблеми наместо да ги решава старите.

„Јас долго време јавно зборувам, не сум престанал да бидат активен. Никогаш не сум бил член на партија, сум работел речиси со сите и со сите сум се разишол, мислам дека е тоа здраво, кога човек верува дека се фатиле кривини многу е поздраво да се држи до своето убедување отколку да вика магарето лета“, рече Димитров вечерва.

Тој додаде дека за неколку недели ќе открие во каква форма ќе биде неговото враќање.

-Јас во блиска иднина ќе обзнанам во јавноста во каква форма ќе делувам. Не би можел сега тој план да го обзнанам. Тоа што можам да кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата. Тој проблем нема да ни го реши друг. Можат да ни помогнат нашите пријатели од Брисел и Вашингтон. Политичките партии нема да се разбудат едно утро и да речат „малку претеравме, можеби треба поинаку сега, подобро, на друг начин да ја водиме политиката“. Граѓанството ќе мора да ги натера тоа да го прават. Првиот чекор е да видиме колку граѓани има кои се незадоволни, што сакаат ред во оваа држава и што сакаат законот да важи еднакво за сите. Ќе има мегдан, ќе ги кажам моите битки – рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…

Moeто пpeдупредување стана реалност: Си ги ослабнавме…

Поранешниот вицепремиер за евронитеграции, Никола Димитров изрази…