Никола и Софија од скопско: Би сакале да јадеме бурек, до скоро јадевме паштета но сега немаме ни тоа

t

Златко Кузмановски од скопско Орешани некогаш бил човек со широка насмевка и добра енергија, со надеж дека добро ќе живее.

Но животот не оди по посакуваниот правец, овој човек одамна ја има загубено насмевката а сега гради дом на илузии со своето семејство.

До скоро живееле и без струја но бо леста на неговот младо девојче ќе ја разбуди хуманоста на граѓаните па свеќите ќе ги заменат со сијалици.

Сопругата не може да работи поради бо леста на ќерката а примањата на Златко се доволни само за подмирување на кредитите што биле земани за да се направат овие две соби.

Сепак ова семејство живее во една соба, се бањаат со вода што ја топлат на ќумбе, немаат одвод, а децата секојдневно сонуваат за вкусна храна.

– Скоро шест години се справуваме со водата, имаме само септичка јама, немаме одвод, многу тешко се живее, вели Златко пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Веќе 11 години откако сме заедно со сопругот, имаме две дечиња, Никола и Софија, имаат осум односно шест години, вели сопругата Цвета.

Децата се мали не знаат што е тоа сиромаштија, но доволно се свесни што јадат и како живеат другите дечиња околу нив, тоа е и најголемата бо лка на овој родител.

– Земам околу 20 000 но 16 000 денари одат на кредити, што морав да ги земам за да ги изградам овие две соби. Со четири илјади денари не се преживува, вели искрено Златко.

– Пред неколку месеци немавме ниту струја, децата буквално не сакаа ниту дома да си дојдат, си велев понекогаш и подобор да ме нема, зошто не можам да и овозоможам нормален живот на децата.

– Девојчето имаше серија на нап ади, откривме дека има епи лепсија, прима многу силни ле кови, мора секогаш да биде добро нахранета. Во неколку наврати ја спасив, додава Златко.

– Многу е лошо кога снема струја, не се живее, можеш да се уд риш некаде, едноставно темница, вели малиот Никола пред објективот на ,,Срце на дланка”

– Се случува понекогаш и по еднаш во денот да јадеме, секогаш гледам да има за нив. Не е лесно, гледаат другите деца што јадат. Си бараат, но таа е реалноста, вели Златко.

– Би сакале да јадеме бурек, кашкавал, сирење или кроасан, исто така сакам и пица да јадам, но нема. До скоро имавме и паштета но сега немаме, велат искрено Никола и Софија.

– Се трудиме од секој можен аспект да обезбедиме добри услови за живот, но тоа се можностите, конкретно на мене ми се врзани раците, вели искрено мајката Цвета.

– Мама и тато не бањаат со кофи со вода, треба да имаме бања, кога е многу ладно не бањаат кај тетка ми, вели малиот Никола.

Доколку сакате да им помогнете на овие мали дечиња на било каков начин тоа може да го сторите на трансакциската сметка 200003962828680 или на телефонскиот број 075 304 405

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…