Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

t

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковечавски. Во недостаток на план и програма, Силјановска е целосно во матрицата на ДПМНЕ и упатува навреди кон Пендаровски и Ковачевски, истакна на денешната прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Личните дискредитации за прекари со женски род, навредите за интелектуални капацитети искажани од Силјановска, вели таа, не доликуваат ниту на професор ниту на политичар.

„Каков е тој професор кој ги навредува студентите? Каков е тој политичар кој наместо да претстави и идеи навредува неистомисленици а со тоа ги навредува и граѓаните.

Митинзите се за претставување на визијата, понудата пред граѓаните а не за навреди и лични дискредитации.

Паника од пораз на изборите, немањето план, визија, не се оправдување.

Затоа Силјановска треба да се извини.

Ова е уште една потврда дека ништо не е променто во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани кон неистомислениците“, оценува Николова.

Граѓаните, додава пратеничката, знаат дека ДПМНЕ и Силјановска наместо иднина, им нудат враќање во минатото и изолација и затоа ќе ги казнат на изборите.

„Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ“, потенцира Николова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Ролан…

Ролан Гарос е се поблиску до нас,…