Николовски вели да не губиме време на блокади: Да направиме се’ за да станеме дел од ЕУ до 2030 година
Секој од нас да придонесе и да одработи чесно и посветено во следните години за брзо завршување на преговорите со ЕУ. Да се фокусираме на продуктивноста и да не губиме време на чекање, блокади или кочници, туку со поддршка и придонес, сите како генерација да направиме се за во 2030 година да станеме членка на Унијата, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерот Николовски кој се обрати на панелот за Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија”, рече дека Северна Македонија нема друга алтерантива.
-Северна Македонија нема друга алтерантива освен оваа прогресивна визија и обединување на сите, заедно. Секој од нас да придонесе и да одработи чесно и посветено во следните години за брзо завршување на преговорите. Да се фокусираме на продуктивноста и да не губиме време на чекање, блокади или кочници, туку со поддршка и придонес, ние како генерација да направиме се во 2030 да станеме членка на Унијата, нагласи Николовски.
Со тоа, како што посочи тој, заедно да ја обезбедиме иднината на младите, да оставиме функционален и подобрен систем, каде секој млад човек има еднакви шанси, услови за квалитетен живот во општеството каде нема привилегирани, нема неказнивост, каде законите еднакво важат за секого и каде се ќе зависи од квалитетот и стручноста.
-Само така ќе го запреме иселувањето и ќе ги задржиме младите тука и дома. Само така, сите ние ќе имаме иднина за почит и ќе оставиме наследство со кое некои идни генерации ќе се гордеат и ќе ги уживаат сите придобивки од она што ние го правиме денес, нагласи министерот Николовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…