Николовски: Два пати ВМРО-ДПМНЕ паѓаше поради мастер план преку тајните служби. Трет пат – нема да има

t

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги презентирав во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедноснитеслужби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш”.

“Целта на тој мастер план беше да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше три чекори. Првиот беше да се притворат што повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се случи промена на името, и тоа се случи. Вториот беше партијата да се стави на обвинителна клупа за терористичко дејствување и нелегално финансирање и делумно успееја во тој дел за нелегално финанисрање. Ја ставија на обвинителна клупа и се уште партијата е на обвинителна клупа, се уште имаме замрзнат имот. Третиот дел беше доколку успеат да ја осудат ВМРО-ДПМНЕ согласно закон, да се забрани политичко дејствување и воопшто да не може да учествуваме на избори.

Овој мастер план одеше дотаму да се забрани и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се бави со политичко дејствување. И ова беше смислено од тогашното раководство на СДС на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а не може да се амнестира ниту Димитар Ковачевски”- вели Николоски.

Агенцијата за безбедност до толку била злоупотребувана што секојдневно правеле лажни извештаи за раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека сме биле анти -западни и анти – НАТО, додаде Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жерновски до Муцунски: Има рок од 3…

Членот на ИО на СДСМ и екс-амбасадор,…

Пукна резил во Куманово: Членовите на ВМРО…

Ауууууууууууу Гаси Светло !!! Од Инбокс: ЈАВНА…

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека водела 5:1 во…

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Добрите економски…

Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…

Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…