Николовски: Работиме за усогласување на земјоделските политики со ЕУ – Ја продлабочуваме соработката со регионот

t

Македонија континуирано и посветено работи на спроведувањето на реформите и усогласување на земјоделските политиките со Европската Унија, посочи  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Љупчо Николовски, кој на покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир, денеска, учествуваше на министерската Конференција во Берлин, во рамки на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.

На конференцијата, како што информираат од МЗШВ, министрите од Западен Балкан и претставниците од меѓународните организации дискутираа како заеднички да се надмине периодот на глобална економска криза и моменталниот геополитички контекст, потенцирајќи дека заеднички ќе работат на имплементација на 5-те столба утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан.

-Република Северна Македонија активно учествува и придонесува во градењето на меѓусебната доверба и во развојот на добрососедската и регионалната соработка на земјите од Западен Балкан и нивната интеграција во Европската Унија. Земјоделството е важен сектор и трет по големина по услугите и индустријата. Придонесува со околу 15 отсто во БДП вклучувајќи ја и преработувачката индустрија и околу 20 отсто во вработеноста, рече министерот Николовски во неговото обраќање.

Германскиот министер Џем Оздемир, додаде Николовски, не увери дека ЕУ ќе ја даде потребната поддршка за земјите од Западен Балкан.

-Како држава членка денес инициравме  проширување на функциите на работната група со цел организацијата да ја преземе улогата на регионален спроведувач на политиките и да ја преземе клучната улога во проектите кои ќе дадат видливи резултати и придобивки и за земјоделците и за руралните бизниси – директно и индиректно, посочи Николовски.

Тој потенцираше дека земјава навреме презема мерки за намалување на негативните последици од економската криза врз земјоделството. Нагласи дека на иницијатива на Министерството, а со цел да се намалат последиците од новите нарушувања на меѓународниот пазар на земјоделски производи, е подготвен „Национален план за производство на храна” кој содржи  сет мерки за поддршка на производството на храна преку зголемена финансиска поддршка на поледелските култури за пролетна и есенска сеидба, програма за распределба на земјоделско земјиште за производство на житни култури, интервентен фонд, како и дополнителни мерки преку донесување Стратегија за производство на храна и стратешки култури во 2022 година. Овој нов сет мерки за финансиска поддршка во земјоделството ќе придонесе за ублажување на последиците предизвикани од зголемените трошоци на растително производство, употреба на ѓубрива и други трошоци за земјоделско производство.

Дополнително на конференцијата, министерот Николовски посочи дека Министерството води долгорочна политика за поддршка на земјоделството и руралниот развој преку национални субвенции и преку проекти поддржани од ЕУ, ФАО, Светска банка и други меѓународни организации и билатерални партнери како и многу проекти преку ИПА/ИПАРД програмите во земјоделскиот сектор со средствата од ЕУ кои се 100 отсто реализирани. Исто така, континуирано се приближува националното законодавство од областа на земјоделството кон законодавството на ЕУ.

На министерската конференција учествуваа сите министри од регионот,  претседавач беше германскиот министер за храна и земјоделство, Оздемир, а  копретседавач генералниот секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG) Бобан Илиќ.

Министерот Николовски во рамки на Министерската Конференција го посети и меѓународниот саем „FRUIT LOGISTICA”, посветен на свежи производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…

Вечерва хуманитарни “Тешки муабети” со Филип Петровски:…

Не прошуштајте ја денешната епизода на Тешки…

Груевски сподели уште еден важен проект: Професионален…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук сподели…

Груевски со нова лекција за властите: Голема…

Поранешниот премиер Никола Груевски им одржа уште…

Николовски: 70 жени земјоделки добиваат по 6000…

Денеска сведочиме на уште едно ветување кое…