Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради интензивно, станува симбол за развој на Пелагонија
Министерот за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава.
Според Николоски, изградбата на автопатот се одвива со засилена динамика на терен, а целта е веќе следната година сообраќајот да се одвива по една коловозна лента.
Тој истакна дека станува збор за најдолгата поединечна делница од автопат што моментално се гради во Македонија и нагласи дека проектот ќе има огромно значење за развојот на целиот пелагониски регион.
„Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија. На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат што ќе го поврзе целиот регион и ќе отвори нови можности за развој“, посочи Николоски.
Според него, новата современа сообраќајница ќе овозможи побезбеден и побрз сообраќај, подобра регионална поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и ќе претставува силен поттик за економскиот развој на Пелагонија.
Николоски нагласи дека Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија, поради што Владата инвестира во модерна патна инфраструктура која ќе придонесе за подобар квалитет на живот на граѓаните, како и за создавање нови можности и перспективи за идните генерации.
Тој порача дека реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти останува еден од приоритетите, со цел подобро поврзување на градовите, побезбеден сообраќај и рамномерен регионален развој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СВЕТСКИТЕ РАЗВОЈНИ БАНКИ НАЈАВИЈА ЗАСИЛЕНО ФИНАНСИРЊЕ ПРОЕКТИ…
Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за…
Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со…
Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи…
Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ,…
Ноќна забава во Тешањ, Босна и Херцеговина,…
Зеленски: Ќе биде историска грешка ако САД…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата предупреди…
Двајца српски државјани возеле со 169 и…
Двајца српски државјани биле лишени од слобода…