Николоски: Владините политики во авиосообраќајот даваат конкретни резултати
Министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски вели дека владините политики што ги спроведува владата во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. Николоски ја посочи линијата Скопје-Амстердам која после 12 години повторно се враќа со нискобуџетната Трансавиа која ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела.
„Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот. За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните“, напиша вицепремиерот Николоски на својот Фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ не сака кандидат за претседател, но…
На СНС ѝ останува една недела да…
Уште еден месец за исплата на К-15:…
Работодавачите имаат уште еден месец да го…
ВЛАДА: Завршено партерното уредување на Градскиот пазар…
Завршен е проектот „Партерно уредување на Градски…
Бехтел и Енка отвораат нови 1200 работни…
Министерот за транспорт Александар Николоски присуствуваше на…
Минус шест степени на Попова Шапка, во…
Најниска температура изутринава е измерена на Попова…