Николоски: Во фокусот е модернизација на инфраструктурата и унапредување на регионалната поврзаност

t

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

На средбата се разговараше за имплементација на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција во европските структури.

Министерот Николоски го потенцираше значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8, 10 и 10 -д како дел од Европската мрежа на транспортни коридори. Тој увери за силната заложба на Владата за унаредување и модернизација на истите.

На средбата се отворија и прашања за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот.

-Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата. Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европското транспортно семејство и ќе ја надополни политиката на проширување на Заедницата, истакна министерот Николоски на средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…