Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и поекономичен јавен превоз за Скопје
Изминатава година интензивно работевеме на воведување на Градскиот воз кој треба приградските населби и општини кои гравитираат околу главниот град, да ги спои со Скопје на еден еколошки и брз начин. Тоа сериозно ќе придонесе за намалување на загадувањето, сериозно ќе придонесе учениците, студентите и сите оние кои што работат во Градот Скопје и во општините навреме да стигнуваат, вели во интервјуто за ТВ Канал 5, министерот за транспорт Александар Николоски.
„Вчера можеа сите да видат дека од Зелениково до Скопје се патува некаде за 24 минути. Што ако споредите дека со кола се патува некаде около 70 минути, многу е јасно која е разликата. Тоа сериозно ќе придонесе и за намалување на загадувањето, сериозно ќе придонесе луѓето навреме да стигнуваат и учениците, и студентите и оние коишто работат во градот Скопје и во општините. И се надевам дека масовно ќе биде користен, дека сè помалку ќе се користат возила на оваа линија каде што поминува сега градскиот воз, а сè повеќе ќе се користи возот. Возот поминува низ станиците Зелениково, Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, понатаму Лисиче, Драчево, веќе работиме на станица кај Кисела Вода – 11 Октомври – бараки и завршува на Новата железничка станица” – истакна Николоски.
Тој додаде дека се работи на проектирање на уште две нови линии едната од Ѓорче Петров до Центар и втората од Илинден до Центар, со што ќе се заокружи концептот на три линии на градскиот воз како нов јавен превоз за Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…