Николоски: Македонија слепо црево на Балканот, Србија доби 137 милиони евра грант, а владата на СДСМ/ДУИ потпишува штетни договори
Уште еден ЕВРОПСКИ ПОРАЗ! Македонија СЛЕПО ЦРЕВО на Балканот, се вели во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Владата СДСМ/ДУИ потпишува и прифаќа штетни договори, а не прави ништо за економскиот развој и развојот на инфраструктурата. Ако имаа добри контакти во Брисел ќе знаеа дека следниот голем инфраструктурен проект на ЕУ е брза пруга од пристаништата во Атина (Пиреа) и Солун до централна Европа, со цел скратување на времето за транспорт на луѓе и стоки во двата правци. Паметна Влада оди во Брисел и зема грант за брза пруга од Табановце преку Скопје до Солун. Мрзелива и неспособна Влада тоа го игнорира. Денес Србија на која сеуште и се потсмеваат дека е анти Европска добива 137 милиони евра грант за брза пруга Ниш – Димитровград – граница со Бугарија што е прв чекор кон заобиколување на Македонија од проектот за брза пруга Атина – Солун – Будимпешта – Виена, што ако се реализира е чекор кон претварање на Македонија во слепо црево на Балканот и губење на стратешката позиција на Македонија што е прв чекор кон ПОДЕЛБА и ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Звучи апокалиптично, ама државите опстојуваат само ако има геостратешки интерес околу нив, вели Николоски.
Интерес на Бугарија е Македонија да е слепо црево и стратешки небитна, кој е интересот на СДСМ/ДУИ? Прашува тој
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учество на министерот Муцунски на министерски состанок…
На покана на грчкиот министер за надворешни…
Фиат Панда си оди од Србија?
Александар Вучиќ изјави дека постои можност Стелантис…
Шестмина лишени од слобода при акциска контрола…
Лишени од слобода се шест лица, евидентирани…
ДЗС повторно ги активираше тимовите во потрагата…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повторно…
Арагчи: Ормуската теснина нема да биде отворена…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…