Николоски на Пендаровски: Тој е политичар фарса, лажна величина, по кој знае кој пат е фатен во лага

t

Лажна величина, фасада, лажна плоча. Така обично прават политичарите кои се фарса без суштина, што само го покажува системот на владеење на СДСМ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира повторното вадење на плочата од манастирот Св. Прохор Пчински посветена на првото заседание на АСНОМ.

-Тргањето на плочата посветена на првото заседание на АСНОМ од манастирот Св. Прохор Пчински е потврда дека се работи за најголемата измама и за најголемата фасада на македонската политичка сцена. Стево Пендаровски со голема помпа во јавноста велеше дека се враќа прославата во Прохор Пчински, притоа излажа и не кажа дека последно тоа се случи во 2009 година, туку велеше дека се случило многу порано, рече Николоски.

Тој истакна дека Пендаровски излажал кога кажал дека проблемот со плочата е речени за после неколку дена од неговиот кабинет да кажат дека се работи за лажна плоча.

-Но, она што е најбитно рече дека проблемите се решени, положи цвеќе пред една плоча која што ја видовме сите, за после неколку дена таа плоча да е тргната и самиот да признае преку соопштение од неговиот кабинет дека се работи за лажна плоча, односно како што тие велат за време плоча. Што да ви кажам? Лажна величина, фасада, лажна плоча. Така обично прават политичарите кои се фарса без суштина, што само го покажува системот на владеење на СДСМ, потенцираше потпретседателот Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…