Николоски: Подобро да увеземе работници отколку да ги затвориме фабриките

t

Македонското стопанство се наоѓа пред сериозен предизвик поради недостигот на работна сила, што наметнува потреба од итен увоз на работници од странство за да се одржи економскиот раст. Министерот за транспорт, Александар Николоски, во интервју за „Ноќно студио“ на 4TV.mk, истакна дека ова е барање на бизнис заедницата кое државата мора да го поддржи.

Според проценките, на домашното стопанство годишно му се потребни меѓу 40.000 и 50.000 работници, додека за оваа година е проектиран увоз на околу 10.000 лица. Николоски појасни дека ова не е закана за домашните вработени, туку механизам за заштита на нивните работни места.

„Ако во една средна компанија работат 100 наши граѓани, а им недостигаат уште 20 за да го исполнат производствениот процес, сопственикот ќе биде принуден да ја затвори фирмата доколку не ги најде тие луѓе. Во тој случај, и оние 100 домашни работници ќе завршат на улица. Затоа, мојот став е дека е подобро да увеземе 20 работници и да имаме 120 среќни семејства, отколку да имаме 100 несреќни семејства без работа,“ изјави Николоски.

Министерот посочи дека стапката на невработеност во земјава е рекордно ниска и се движи околу 6-7%, што е јасен сигнал дека домашниот пазар на труд е исцрпен. Тој додаде дека сите развиени економии во светот го решаваат овој проблем на ист начин – преку контролиран увоз на работна сила.

„Нас ни се потребни дополнителни работници за економијата да продолжи да расте. Секако, приоритет останува враќањето на дијаспората и тоа е процес на кој работиме, но потребите на компаниите се сега и веднаш. Мораме да бидеме прагматични – увозот на работна сила е директна поддршка за домашното стопанство за да може тоа да ги реализира големите проекти и да го полни буџетот,“ вели тој.

Николоски посочи дека Владата ќе продолжи да создава услови за олеснување на процедурите за работни дозволи, со цел да се обезбеди континуитет во градежништвото, индустријата и услугите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…