Николоски по кој знае кој пат е во Будимпешта

t

Будимпешта, главниот град на Унгарија, е омилената политичка дестинација на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја посети Будимпешта неброено пати. Сега пак е во градот на Дунав и разговара со претставници на најбратската партија на ВМРО-ДПМНЕ – владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан.

Министерството за транспорт соопшти дека Николоски бил поканет од Орбан да присуствува на прославата на Националниот ден на Унгарија. Во една од претходните посети Николоски се сретна и разговараше за заедничкии проекти со унгарскиот министер за одбрана. Сега разговарал со министерот за национална економија на Унгарија, Мартон Наѓ.

Според соопштението на Министерството за транспорт на средбата се разговарало за „движечките проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, планираниот економски раст, нови инвестиции и актуелни политики.

Исто така се разговараше и за економските политики на владата на Унгарија и нивниот план за раст како и можностите за уште позасилена економска соработка помеѓу двете држави.

Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет на Македонија и Унгарија, како услов за забрзан економски раст и подобра поврзаност во регионот. Договорот Влада со Влада кој се потпиша помеѓу Македонија и Унгарија исто така носи големи придобивки за граѓаните на двете земји, потврдија двајцата министри“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крстев: Нема рудник, нема отштети – Народот…

ФБ статус на Мики Крстев, член на…

Николоски по кој знае кој пат е…

Будимпешта, главниот град на Унгарија, е омилената…

Каменуван српски автобус во Грција – има…

Драма се одвивала синоќа на автопатот Егнација…

Европски војници во Украина: Германија на раб…

Дискусиите за можното испраќање европски мировни сили…

На Табановце запленети „Ролекс“ и „Омега“ часовници…

Царинските службеници на граничниот премин Табановце –…