(Видео) Николоски се снимаше среде пат: Придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш се огромни за бизнисот и туризмиот

t

Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско -Дреново -Фариш.

Напорно се работеше и резултатите се видливи, вели вицепремиерот Николоски. Во продолжение интегралното обраќање:

“Експресниот пат на делниците Градско- Дреново и Дреново- Фариш активно се користи. Десетици илјади возила поминаа по истиот. Пелагонија, Прилеп, Битола, Кривогаштани и Могила, Новаци и Крушево се веќе многу поблизу до Скопје и до сите населени места, многу побрзо се патува до Грција и на север до Србија.

Се развива бизнисот, цвета туризмот и луѓето можат полесно да патуваат. Пуштањето на овој патен правец е доказ дека ја градиме Македонија. Напорно работевме, првиот дел на потегот од Градско до Дреново го пуштивме во месец јануари, а вториот дел од Дреново до Фариш го пуштивме во месец јуни.

На тој начин ја комплетиравме делницата Градско -Дреново-Фариш дел од Градско Прилеп, што многу ќе значи за целиот регион. Активно работиме и на автопатот Прилеп -Битола што за многу брзо време ќе значи од Скопје за Прилеп да се патува за час и десет минути, од Скопје до Битола за час и половина. Нека е за убаво и летово да има безбеден сообраќај” -истакна вицепремиерот Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попушта ли Зеленски околу територијалните прашања: „Тоа…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…

Трамп предлага сојузната држава Ново Мексико да…

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи сојузната држава…

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба…

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година…

Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот…

На 9 септември ќе се прска против…

На 9 септември (среда) ќе се спроведе…