Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот

t

Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција, вели во интервју за „360 степени“, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Не случајно се градат 6 автопати и 2 пруги на европските коридори кои минуваат низ Македонија, додаде Николоски.

„Прво е политички. Ние кога целосно ќе ги завршиме двата коридори, 8 и 10, веќе нема прашање за опстојувањето на Македонија. Јас така го гледам и Владата така го гледа. И не случајно, 2024 година, кога оваа влада се формираше, премиерот Мицкоски ова го стави како прва политика на Владата. Затоа што кога ќе имаме два функционални коридори, едниот најинтересен економски коридор во Европа, вториот најважен безбедносен коридор за НАТО, веќе никој нема да ја поставува под прашање судбината и постоењето на Македонија. Ако двајца премиери на две соседни држави можеа да го направат тој спектакл со коските кои што наводно му припаѓаат на Цар Самоил, тогаш ние треба да сме исклучително одговорни кон државата и кон опстојот на државата и сметам дека ова е еден од начините да гарантираме опстој на државата“ – рече Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…