Никој како Македонецот – Емил Рајковиќ испиша историја со ЦСКА Москва во ВТБ лигата

t

Емил Рајковиќ ја предводеше ЦСКА Москва во 18. победа по ред во ВТБ лигата, нешто што не му успеало на ниту еден стратег претходно.

Македонскиот тренер не само што одлично се снајде на клупата на рускиот гигант, туку тој руши и рекорди.

ЦСКА Москва денеска со 92-75 го победи тимот на МБА Москва кој имаше минимално водство на полувремето. Но, момците на Рајковиќ направија пресврт во вториот дел и на крајот дојдоа до убедлив триумф.

Ова беше 18. победа по ред за ЦСКА Москва која на социјалните мрежи се пофали дека тоа е рекорд во ВТБ лигата.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…