„Никој нема право да преговара во наше име“ – Српските земјоделци излегоа блокада

t

Повеќе здруженија на производители на млеко, зеленчук, овошје и житни култури, кои ја блокираат Ибарската магистрала кај Чачак, денес соопштија дека никој нема овластување да преговара во нивно име. Тие исто така објавија нови барања, кои се надополнуваат со оние што ги доставиле до Владата на Србија пред почетокот на блокадата.

„Очекуваме и веќе добиваме информации дека некои режимски здруженија и претставници на власт ќе се обидат да преговараат без наше овластување, но на такви обиди нема да пристанеме“, стои во соопштението на протестирачките земјоделци.

Нивните нови барања, по пет дена блокада вклучуваат итно стопирање на увозот на сите земјоделски производи и обврска државата да ги откупи постојните вишоци за стабилизирање на пазарот.

Тие предлагаат и воведување квоти и задолжителни инспекциски контроли на сите земјоделски производи на граничните премини, по стабилизацијата на пазарот и враќањето на економски оправдани цени.

Исто така, земјоделците бараат итно решавање на проблемот со откупот на млеко за сите производители на кои им е прекинат откупот, со обврска откупувачите веднаш да продолжат да преземаат сите количини. Тие го нагласуваат и барањето за утврдување одговорност и санкции за лица што директно ја загрозиле примарната земјоделска продукција.

Блокадата, која ја организираат чачанското здружение „Шајкача“ и здружението на производители на млеко од Краљево – Шумадија и Поморавје, започна во среда, 11 февруари во 13:00 часот и од тогаш трае непрекинато, без инциденти.

Според соопштението на здруженијата, во последните два дена ги контактирале припадници на полицијата и Безбедносно-информативната агенција (BIA), со барање да ги отстранат тракторите од блокадата и со закани за прекршочни казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Министерот за надворешни работи на БиХ го…

Министерот за надворешни работи на Босна и…