Никој не поднел кривична пријава, ниту води постапка против жителите на Арачиново за украдената струја
Против ниту еден жител на Арачиново во моментов нема кривична пријава, не се води предистрага, ниту истрага, а уште помалку па да биде поднесено обвинение за кражба на електрична енергија. Нашата редакција од ЕВН доби потврда дека со 6 милиони евра загуба на струја, главно украдена енергија, што претставува 80 проценти од испорачаната струја, Арачиново е на првото место на неславната листа во Македонија. Од Основното јавно обвинителство за МКД.мк ни одговорија дека до сега не е поднесена кривична пријава поврзана со интервенцијата на екипите на ЕВН во Арачиново. Обвинителството не може да постапува по допрен глас, бидејќи се потребни информации за конкретен строител, а такво нешто од ЕВН нема. За сега од компанијата велат дека се прави инспекција на мрежата, па ќе се прави реконструкција, па кога ќе заврши цел тој процес ќе се носи одлука за конкретни дејствија за кривични пријава. За овој процес се потребни месеци, а можеби и цела година.
Значи ОЈО Скопје не може да го гони Арачиново како место, односно локација каде се краде најмногу струја, туку само арачиновци, но за сега конкретни чекори за ова нема бидејќи нема ниту кривична пријава.
„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е поднесена кривична пријава поврзана со последната интервенција на екипите на ЕВН во Арачиново. Доколку биде поднесена пријава, Обвинителството ќе постапи согласно законските надлежности и ќе ги испита наводите. Во меѓувреме се следат сите информации за настанот. Постапка по допрен глас е возможна доколку допрениот глас содржи доволно информации кои даваат основи на сомневање за сторено кривично дело и евентуалниот сторител.
Во минатото, Јавното обвинителство постапувало по кривични пријави за кражби на струја на ралични локации”, ни одговорија од Обвинителството.
Само Основното јавно обвинителство Скопје во текот на 2019 година постапувало по 64 кривични пријави за кривичното дело од членот 235а од Кривичниот законик – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас. Во текот на 2020 година биле примени и се постапувало по 41 пријава, во 2021 – 39, а од почетокот на годинава се примени 52 кривични пријави за наведеното кривично дело.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ „заработи“ кривична пријава за продажбата на…
До Јавното обвинителство за организиран криминал на…
Новиот состав на српското Собрание денеска на…
Конститутивната седница на новиот состав на Собранието…
Денес се празнува Преподобен Јоаникиј Велики
Ова големо духовно светило се роди во…
Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне…
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…