Никој не сакаше да биде директор во „Рибникар“, се отпишаа 60 деца

t

60 ученици се отпишаа од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и се запишаа по околните школи по трагедијата што се случи на 3 мај, откри српската министерка за образование проф. д-р Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

Наставниците се во особено тешки околности, мора да дојдат на работа добро подготвени. Едно време се чувствуваа сосема сами, имавме и проблем што никој не сакаше да биде директор на тоа училиште. Самото изговарање на зборот „Рибникар“ беше како мина, рече таа во „Јутро на Блиц“.

Објасни дека кабинетот на премиерот заедно со Министерството за образование и Институтот за ментално здравје работеа на насоките за првите денови од учебната година низ целата земја, кои поминаа во едукативен дух.

Децата и наставниците мора да зборуваат, а не само да учат. Во оваа смисла, дадовме цел сет на предлози секое училиште да се прилагоди на своите потреби. Првата недела беше тематска, што значи дека учениците и соучениците ја избраа темата за таа недела за дискусија. Темите беа животна средина, достоинство, стоп со насилството, објасни министерката.

Таа откри и каков почеток на учебната година имаа учениците од „Рибникар“, особено одделението VII/2.

Поминавме многу време со тие деца. Прво, децата неколку дена порано отидоа во Фрушка Гора, ги избраа наставниците за кои сметаа дека треба да бидат со нив, а со нив имаа и психолози. Децата таму плачеа, разговараа и ја започнаа учебната година со спомени и планови за иднината. Велат дека тоа многу им значело, рече проф. д-р Ѓукиќ Дејановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…

Само неколку дена траеше договорот за откупната…

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…

(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…

По серијата пожари, Франција се соочи со…

Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…