Никој не се плаши од Тошковски и Мицкоски, затоа имаме граница со Косово која е „Хотел Промаја“, велат од СДСМ
„Смешни се Тошковски и Мицкоски кои велат дека министерот бил напаѓан од СДСМ заради тоа што СДСМ се плаши од него“, реагираат од опозициската партија.
„Од Тошковски не само што не се плаши СДСМ, туку не се плашат ниту криминалците по улиците. Затоа имаме секојдневни грабежи и убиства кои Тошковски не може да ги расчисти. Затоа имаме граница со Косово која е Хотел Промаја за криминалци кои се бараат со меѓународна потерница и се шетаат преку неа со поддршка на кадри поставени од Тошковски.
Тошковски за шест месеци има 8 убиства и обиди за убиства од кои има разрешено само едно. За шест месеци Тошковски ја претвори државата во Див Запад, а граѓаните се плашат за својата безбедност.
Македонија немала полош мнистер за внатрешни работи а тоа го потврдуваат бројките и општата нарушена безбедносна состојба во државата. За прв пат од независноста, МВР и еден министер немаат никаква контрола над северната граница која е препуштена да ја управуваат и злоупотребуваат партиски кадри на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа СДСМ го обвинува Тошковски, затоа што тој и неговата неспособност се закана за безбедноста на државата. Да има малку доблест веднаш ќе си поднесе оставка“, се додава во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никој не се плаши од Тошковски и…
„Смешни се Тошковски и Мицкоски кои велат…
Мицкоски ги штити виновниците за бегството на…
Бегството на Рамадани, односно организираната партиско полициска…
(Видео) СДСМ: Бегството на Рамадани било организирано,…
Мицкоски и Тошковски вчера одмолчеа на прашањата…
СДСМ: Владината коалиција функционира беспрекорно кога треба…
Премиерот Христија Мицкоски во неверојатна изјава за…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите ветувања, досега…
ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100.000 гласови од изборите…