Објавено на:

Никој не треба да умре заради регистарски таблички, вели Ескобар

t

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, смета дека на повидок е почеток на подобрување на односите меѓу Белград и Приштина.

– И морам да кажам дека средбата меѓу претседателот Вучиќ и премиерот Курти беше навистина добра, многу професионална и мирна. Охрабрувачки беше да се види тоа ниво на отвореност во присуство на високиот претставник на ЕУ Борел и г-дин Лајчак – рече тој во интервју за Н1.

Ескобар рече дека ја охрабриле Приштина да биде поконструктивна и пофлексибилна и смета дека има волја за тоа.

„Никој не треба да умре поради регистарските таблички. Двете страни треба да се фокусираат на европските решенија. Мислам дека треба да заборавиме на наративот дека Косово е Србија и да преминеме на онаа дека Косово и Србија се всушност Европа“ – нагласи тој.

Тој изјави дека дошол со порака дека во меѓународната заедница постои голема загриженост за потенцијалната ескалација на насилството поради мерките што ги спроведува косовската влада.

– При мојата посета на Приштина, Митровица и Белград добив впечаток дека сите страни се посветени на изнаоѓање мирно решение за оваа криза. И тоа е пораката што ќе ја пренесам до Вашингтон: Верувам дека двете страни ќе најдат компромисно решение што ќе му овозможи на народот на Косово да живее мирно – рече Ескобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…