Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, уверува ВМРО-ДПМНЕ
Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, граѓаните да бидат спокојни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина“, велат од владејачката партија.
Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, претходно изјави дека е подготвен не само за грбот туку во пакет да се разговара за менување и на химната и на 20 отсто Албанци, но и за други нерешени етнички прашања. Неговиот став е дека во пакет треба да се решат овие прашања што останале нерешени во последните 30 години за да може да се посветиме на економијата, антикорупцијата и на евроинтеграциите. Изјавата на СДСМ ја опиша како шокантна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…