Ниту денеска во собрание партиите не разговарале за формирање работни групи за избори

t

И покрај најавата на партискиот портпарол и пратеник на СДСМ Дарко Каевски дека денеска на координација кај спикерот Џафери ќе се отвори прашањето за формирање работни групи кои би договориле датуми за избори, таа тема воопшто не била отворена.

Ова за Канал 5 го потврди координаторот на пратеничката група, Јован Митрески кој повтори дека на овие состаноци не присуствува ВМРО-ДПМНЕ.

Иако иницијатива за договор досега никој не покажува, од двете партии не отстапуваат од своите позиции, власта за одвоени, опозицијата за споени избори.

– Ковачевски треба да го надмине своето его и да покаже еднаш државнички пристап односно капацитет и да се согласи во интерес на сите граѓани на Република Македонија, да одиме на едни заеднички претседателски и парламентарни избори. Ние сме подготвени за соработка и сакаме да се почитуваат законските и уставните одредби предвидени за изборите. “ – изјави Драган Ковачки – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Изборите ќе бидат во редовниот термин. Нормално дека како сериозна политичка партија која претендира да го освои мандатот за следните четири години (2024-2028) и те како разговараме, се спремаме и се надевам дека ќе излеземе со најдобрите можни кандидати и ќе победиме. “ – изјави Мартин Костовски – пратеник на СДСМ.

Пратениците од албанскиот опозициски блок – Демократско движење, Беса и Алтернатива, кои неодамна ја формираа коалицијата „Европски сојуз за промени“, пак, од денеска во Собранието ќе дејствуваат како една пратеничка група со шест пратеници. Апелираа до Џафери да не го пролонгира изборот на членот на ДИК кој и следува на опозицијата.

-Во последно време Владата веќе и не зборува за уставни промени, туку се заинтересирани на кој начин да го изведат тоа албанската опозиција да нема свој член во ДИК. Тоа е индикација дека спремаат нефер и недемократски избори. Македонската опозиција е присутна во ДИК со три члена, проблематизираат за еден член од албанската опозиција“, изјави Изет Меџити.

Според најавите, на местото на Кренар Лога од Алијанса за Албанците ќе биде предложен Абдуш Демири од БЕСА, како кандидат на албанскиот опозициски блок, но оваа точка иако се најде на дневен ред, се уште не е разгледана.

Собранискиот спикер има даде рок на партиите да договорат консензуален датум за изборите до Нова Година, во спротивно кажа дека самиот ќе ги распише изборите согласно Изборниот законик и Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…

Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…

Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…

Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…

Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…

ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…

Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…

На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…