„Ниту еден родител да не го види своето дете вака“ – таткото на претепаната Сара на протестот против насилството во Охрид
Со фотографија од својата 26-годишна ќерка Сара Ѓорѓиеска, на која се видливи повредите и модриците на нејзиното лице, Љупчо Ѓорѓиески денеска се приклучи на протестот против насилството врз жените и фемицидот во Охрид.
Неговата ќерка на 15 ноември беше брутално претепана, според обвинението, од нејзиното момче Кристијан Корабоски, по што била оставена во бесознание на улица.
„Ова е ќерка ми Сара. Ниту еден родител да не го види вакво своето дете и да не го доживее тоа што ни се случи на нас“, изјави Ѓорѓиески, покажувајќи ја фотографијата од повредената Сара.
Под слоганите „Охрид не молчи“ и „Ниту една повеќе“, граѓани излегоа на улиците за да испратат порака дека насилството врз жените не смее да остане неказнето. Тие побараа поголема одговорност од надлежните институции, навремено постапување по пријавите и ефикасна заштита на жртвите.
Повод за протестот беше случајот со Сара, која на 15 ноември беше тешко физички нападната и оставена на улица. За нападот е обвинет нејзиниот 31-годишен партнер Кристијан Корабоски, кому му е определен 30-дневен притвор.
Против него се води постапка за кривичните дела телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Почетокот на судењето е закажан за 27 ноември во Основниот суд во Охрид.
Протестниот марш започна од охридскиот кеј, продолжи низ градската чаршија, а заврши пред зградата на Основниот суд во Охрид.
Видео: 4њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ниту еден родител да не го види…
Со фотографија од својата 26-годишна ќерка Сара…
Мицкоски уверен дека процесот за АЛТА банка…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува успешно завршување на…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Делчево ќе добие современа спортска сала –…
Министерството за спорт продолжува со реализација на…
ЕУ планира данок од 3% за дигиталните…
Европската Унија предлага данок од три проценти…