НИТУ ИМАЛЕ ФИРМИ, НИТУ ПЛАЌАЛЕ ДАНОЦИ ИЛИ АКЦИЗИ! Акција против трговци на црно со режан тутун
На повеќе локации во Скопје екипи на МВР, Царината и на УЈП денеска спроведоа акција против криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.
За време на контролата е констатирано дека во продажен објект, сопственост на Џ.А., пронајдени се и одземени 90 килограми режан тутун, избегнувајќи плаќање на акциза во износ од 193.500 денари. Покрај ова констатирано е дека објектот нема регистрирано правно лице, за што ќе следи глоба од Државен пазарен инспекторат.
На тезга на влез на пазар, сопственост на У.Х. пронајдени се и одземени 105 кг. тутун, при што е избегната акциза од 225.750 денари, целата стока е одземена од страна на Царинската управа, а против лицето ќе следува и глоба од пазарните инспектори, додека во возило сопственост на О.И. биле пронајдени и одземени 19 килограми режан тутун, со што избегнал плаќање акциза во вкупен износ од 40.850 денари.
Со денешната заедничка акција спречено е криумчарење на акцизна стока со вкупен износ на избегнати давачки кон државата над 460 илјади денари. Против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци од надлежните институции.
Во акцијата учествуваа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, службеници од Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, како и од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…