Ниту Македонија ниту Албанија не добија зелено светло за да ги продолжат преговорите со ЕУ!

t

Очекувано, неиспорачувањето уставни измени се рефлектира на ЕУ-процесот на Македонија. Министрите за надворешни и за европски работи на земјите членки на Унијата, на денешниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел, нема да дадат позитивно мислење за отворање на преговарачките кластери со земјава. Така пишува во нацрт-заклучоците до кои дојде „360 степени“.

Работниот документ кој се разгледува на денешната седница на Советот за општи работи на ЕУ

„Потсетувајќи на заклучоците на Советот од јули 2022 година, Советот го поздравува одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија во јули 2022 година и успешното завршување на скрининг-состаноците. Советот е подготвен да свика уште една меѓувладина конференција, без дополнителни одложувања ниту дополнителна политичка одлука, штом Македонија ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени, во согласност со внатрешните процедури, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година. Советот ја повикува Македонија да го забрза завршувањето на овие измени. Потоа, Советот е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро во согласност со Преговарачката рамка“, стои во предлог-заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ.

Дел од предлог-заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за Македонија

Истовремено, земјите членки ги охрабруваат сите партии во парламентот да се фокусираат на унапредување на ЕУ-реформите и на процесот на пристапување кон Унијата.

„Советот го поздравува нивото на подготовка на Македонија во клучните области и ја нагласува важноста од забрзување на ЕУ-реформите и натамошна консолидација и имплементација, особено во суштинските области (Fundamentals) и владеењето на правото. Македонија треба да испорача независност, професионалност и непристрасност во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реформа на јавноста администрација. Советот изразува сериозна загриженост за некои измени на Кривичниот законик што влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво, како и на несоодветни надворешни влијание врз работата на Судскиот совет и судството. Советот исто така повикува Македонија да продолжи со напорите за понатамошно зајакнување на основните права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата или на заедниците, слободата на медиумите и слободата на изразување“, пишува во предлог-заклучоците.

ЕУ од земјава очекува навреме и на инклузивен начин да ја спроведе и реформата на изборното законодавство во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и на Венецијанската комисија. Исто така, како што пишува во документот, се нотира и важноста на добрососедските односи.

„Советот забележува дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување како и на Процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување, со добра волја, на билатерални договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија“, стои во нацрт-заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ.

Засега, Македонија и Албанија остануваат во истиот пакет, односно нема одвојување на двете земји. Денеска ниту Албанија ќе добие „зелено светло“ за отворање на преговарачките кластери. Од официјална Тирана се очекува „инклузивен и конструктивен политички дијалог за напредок во ЕУ-реформите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…

Почина поранешниот американски сенатор Рокфелер, наследник на…

Џон Д. „Џеј“ Рокфелер Четврти, наследник на…

Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…