Ништо од влада во Бугарија, Нинова ја урива последната надеж?
БСП се повлекува од преговорите со ГЕРБ-СДС за влада со прв мандат и нема да ја поддржи на гласање во парламентот. Ова попладнево на вонреден брифинг го соопшти лидерката на партијата, Корнелија Нинова. Ова доаѓа откако утрово социјалистите учествуваа на средба со кандидатката за премиер Марија Габриел, на која учествуваше и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Ова драматично ги намалува шансите на Габриел да формира влада. Утре ПП-ДБ мора да донесе конечна одлука за прашањето за првиот мандат. Најверојатно ПП-ДБ ќе го потврди својот претходен став дека нема да поддржи кабинет на ГЕРБ-СДС. Така, Бојко Борисов и неговите ќе треба да се потпрат само на ДПС и ИТН, со кои имаат вкупно 116 пратеници. Ова не е доволно за мнозинството.
Нинова го повтори она што претходно им го кажа на Габриел и Борисов – дека згрешиле во концептот за формирање влада. Таа ја образложи и шемата според која, според неа, требало да се случат работите – да се соберат партиските лидери, да се изнесат 5 натпартиски приоритети, да се утврдат роковите за нивно спроведување и потоа да се избере составот на кабинетот. „Борисов избра партиски кандидат, излезе со свои задачи и приоритети. Тоа беше грешка“, изјави Нинова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…
Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…
Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…
Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…
Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…