Ништо од капитални инвестиции: Владата во ребалансот крати 97.5 милиони евра предвидени за вакви намени

t

Владата ветува дека ќе се гради на коридорите 8 и 10, а опозицијата предвидува дека и тие проекти што останаа се за „пумпање на очекувањата“

Капиталните инвестиции редовно страдаат при секој ребаланс на буџетот. Овој пат, ребалансот се прави за да се изнајдат пари за поддршка на животниот стандард на граѓаните, за зголемување на платите на наставниците и за зголемување на пензиите што треба да се направи од септември, како и за субвенционирање на минималната плата.
Со ребалансот ќе се скратат 97,5 милиони евра што со претходното планирање беа наменети за капиталните инвестиции. Сега, капиталните инвестиции се планирани на 523,6 милиони евра. Но, податоците од Министерството за финансии покажуваат дека до 20 мај се реализирани само 114,7 милиони евра, па прашање е дали за 7 месеци и 10 дена ќе успеат да се потрошат уште 408,9 милиони евра за капиталните проекти.


Министерот за финансии Фатмир Бесими тврди дека ќе има вложувања на Коридорот 8. Според најавите, ќе се прошири автопатот Тетово – Гостивар, ќе се гради нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, делница Гостивар – Букојчани, делницата Ранковци – Крива Паланка и Крива Паланка до границата со Бугарија, како и автопатска делница Кичево – Букојчани и делницата Кичево – Охрид. На Коридорот 10 е планирана делницата Прилеп – Битола.
Во делот на железничката инфраструктура, планирано е финансирањето на трите фази од изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга – Коридор 8, како и изградба на железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“.
Во областа на гасификацијата е предвидено изградба на магистрални гасоводи делница Скопје – Тетово, Гостивар – Кичево и делница Свети Николе – Велес и изградба на гасоводи меѓу Македонија и Србија, Косово и Грција.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски: Сеопфатен инвестиционен од над 50…

- Овој пазар овде во Крива Паланка…

Вучиќ најави нови инвестиции од француски компании…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Бајден го потпиша договорот за буџетот: 1200…

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша предлог-закон…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Минатата година во Србија имало 4,5 милијарди…

Изградбата на Националниот стадион во Белград ќе…