Ништо од трансфер на соништата на Димитриевски во Реал Мадрид
Најтрофејниот светски клуб Реал Мадрид нема да купува нов голман кој би му бил резерва на Тибо Куртоа, па шансата за „трансфер од соништата“ на Столе Димитриевски пропаѓа летово, откако актуелниот втор чувар на мрежата, Украинецот Андреј Лунин решил да остане во „кралскиот клуб“.
Како што објави шпански „АС“, Лунин кој најавил заминување за да има поголема минутажа во последниве денови се премислил и решил да остане на „Сантјаго Бернабеу“ до крајот на договорот, односно до идното лето, па со тоа Реал практично се повлекува од потрагата за нов голман партнер на Куртоа.
Димитриевски се најде на потесниот список на желби на Реал, а во последнава недела излезе и како „прв фаворит“, откако Давид Сорија ги одбил „кралевите“ со желба да продолжи да брани за Хетафе. Третиот голман кој беше на списокот беше Пачеко.
Димитриевски пред две години се поврзуваше со трансфер во Барселона, но до премин од Рајо Валјекано не дојде зашто Каталонците тогаш не успеаа да се ослободат од својот резервен чувар на мрежата.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…